ВИТКОФ И КУШНЕР НАСКОРО ВО МОСКВА И КИЕВ Се најавува посета на 5 и 6 септември
ТАСС тврди дека американските преговарачи се очекува да ја посетат Москва и Киев, додека Кремљ засега не ги потврдува датумите.

Американските преговарачи Стив Виткоф и Џаред Кушнер би можеле наскоро да ги посетат Москва и Киев, објави руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на неименуван извор.
Според изворот, Виткоф и Кушнер се очекува прво да пристигнат во Москва, а потоа да отпатуваат во Киев на 5 и 6 септември.
Во меѓувреме, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, не ги потврди датумите на евентуалната посета на американските специјални претставници.
Одговарајќи на новинарско прашање дали Виткоф и Кушнер се очекува да пристигнат во Москва денес или утре, Песков кратко изјави:
„Не би објавил ништо“, пренесува РИА Новости.
Посетата, доколку биде реализирана, би можела да биде дел од американските дипломатски напори за продолжување на разговорите поврзани со војната во Украина.

