НЕТАНЈАХУ НАЈАВИ СОБОРУВАЊЕ НА ИРАНСКИОТ РЕЖИМ Се бори за опстанок
Израелскиот премиер тврди дека режимот во Техеран е послаб од кога било и се бори за опстанок.

Фото: Принтскрин
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека соборувањето на иранскиот режим е на дофат и дека Израел е способен трајно да ја отстрани заканата што, како што оцени, доаѓа од Техеран.
Нетанјаху ова го изјави синоќа на состанок со Генералштабот на израелската армија, оценувајќи дека иранскиот режим е значително ослабен и дека се бори за сопствен опстанок.
„Режимот сега се колеба, послаб е од кога било. Се бори за опстанок. Уверен сум во нашата способност еднаш засекогаш да ја отстраниме заканата и да го собориме овој режим“, рече Нетанјаху, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Тој истакна и дека „не е случајност“ тоа што Иран во моментов ги напаѓа другите цели, наместо директно да го насочува својот напад кон Израел.
CATEGORIES Свет

