ВИОЛИН ФЕСТ ГИ СОБИРА НАЈДОБРИТЕ МЛАДИ ТАЛЕНТИ – Следува музичка магија што не се пропушта
Фестивал посветен на развојот и афирмацијата на младите музички таленти.

Фестивалот на млади виолинисти „Виолин фест“ и оваа година продолжува да биде препознатливо место каде што талентот се претвора во уметност, а младите виртуози ја слават музиката.
Мисијата на фестивалот започнува со работилница и презентација во музичкото училиште во Прилеп, по што на 11 мај следува концерт во музичкото училиште „Боро Џони“ во Струмица. На овој настап ќе настапат 17 виолинисти и ученици од музичките училишта во Штип, Струмица, Гевгелија, Неготино и Кочани.
Завршниот концерт, кој има меѓународен карактер, ќе се одржи на 12 јуни во Скопје.
„Виолин фест“ останува платформа што ги обединува младите музичари од различни средини, создавајќи уникатна можност за афирмација на новите генерации уметници.
Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам
