(ВИДЕО) ЗИДАН ГЛЕДАШЕ ВО НЕВЕРУВАЊЕ Меси му приреди кошмар на неговиот син Лука

Француската легенда беше на трибините за да го гледа синот Лука, но вечерта му ја расипа неверојатниот настап на аргентинскиот капитен.

(ВИДЕО) ЗИДАН ГЛЕДАШЕ ВО НЕВЕРУВАЊЕ Меси му приреди кошмар на неговиот син Лука
Фото: Принтскрин

Француската фудбалска икона Зинедин Зидан беше присутен на трибините во Канзас Сити за да го следи во живо дуелот меѓу Аргентина и Алжир на Светското првенство. Но, вечерта не заврши според неговите очекувања и селекцијата на Алжир претрпе убедлив пораз од 3-0, а главната ѕвезда на натпреварот беше Лионел Меси со постигнат хет-трик.

Посебно внимание привлече голманот на Алжир, Лука Зидан, синот на легендарниот француски ас, кој настапи со заштитна маска поради неодамнешната повреда на вилицата.

Во моментот кога Аргентина го постигна вториот гол, телевизиските камери го фатија Зидан на трибините и неговата реакција јасно покажуваше разочарување од случувањата на теренот. По завршувањето на натпреварот, критиките беа насочени кон голманот кој имаше тешка задача против расположениот Меси.

Додека неговиот син се обидуваше да го запре аргентинскиот капитен, Зинедин Зидан од трибините мораше да го гледа спектаклот на еден од најдобрите фудбалери во историјата.

CATEGORIES
Share This