БАНКИТЕ СО НОВ УДАР ПО ЏЕБОТ НА ГРАЃАНИТЕ Од август поскапи услуги, се закануваат и поскапи кредити
Граѓаните стравуваат од нов удар врз семејните буџети во услови на високи животни трошоци.

Во јавноста растат реакциите по најавите на дел од банките за зголемување на провизиите од 1 август и можен раст на каматите на кредитите по одлуката на Народната банка да ја зголеми основната каматна стапка на 4,25 проценти. Економскиот експерт Јован Пејковски смета дека банкарските надоместоци треба законски да се регулираат за да се спречи нивното постојано зголемување и дополнително оптоварување на граѓаните.
Според него, повисоката референтна каматна стапка логично може да доведе до поскапи кредити, бидејќи централните банки преку овој механизам се борат против инфлацијата. Во меѓувреме, гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, изјави дека централната банка нема законска надлежност над провизиите, но оцени дека нема економска оправданост за нивно зголемување.
Од август се очекува провизиите за дел од банкарските услуги да пораснат за околу 30 проценти, при што најголемо поскапување е најавено кај плаќањето режиски сметки во готово. Синдикатите и политичките партии предупредуваат дека новите трошоци ќе бидат дополнителен удар врз семејниот буџет.
ДЕПОЗИТИ И КРЕДИТИ РАСТАТ Во банките депозитите изнесуваат 10,2 милијарди евра


