(ВИДЕО) СЕКОГАШ ТАМУ КАЈ ШТО СЕ НАЈПОТРЕБНИ Моторџиите од Мусинци херојски во борба со пожарите

Со мотори влегоа во најопасните делови и помогнаа во гаснењето на пожарите, ризикувајќи ги сопствените животи.

(ВИДЕО) СЕКОГАШ ТАМУ КАЈ ШТО СЕ НАЈПОТРЕБНИ Моторџиите од Мусинци херојски во борба со пожарите
Фото: Принтскрин

Кога огнената стихија ги зафати најкритичните места, моторџиите од село Мусинци, заедно со својата екипа, без двоумење се ставија на располагање и беа присутни секаде каде што беше потребна помош – во Мојно, Мусинци, Путурус и околните села.

Со своите мотори стигнуваа и до најтешко пристапните места, помагаа во гаснењето на пожарите и се бореа да го спречат ширењето на огнената линија.

Во најкритичните моменти ги ризикуваа и сопствените животи, но никој не се повлече. Покажаа храброст, солидарност и пожртвуваност кога беше најпотребно.

Кога е најтешко – моторџиите се тука. Еден за сите, сите за еден!

Голем респект за целата екипа!

CATEGORIES
Share This