ВЕНЕЦУЕЛА И САД СКЛУЧИЈА 25-ГОДИШЕН ЕНЕРГЕТСКИ ДОГОВОР Нафтата ќе достигне 1,5 милиони барели дневно
Родригез тврди дека договорот ќе донесе економско заживување и поголеми државни приходи.

Привремениот претседател на Венецуела, Делси Родригез, денеска изјави дека новиот енергетски договор со САД ќе биде во сила 25 години и ќе овозможи значително зголемување на производството на сурова нафта во земјата.
Во обраќање преку државната телевизија VTV, Родригез го оцени договорот како „историски“, посочувајќи дека неговата реализација треба да придонесе за економско заживување на Венецуела и зголемување на државните приходи, пренесува „Ројтерс“.
Според неа, договорот предвидува развој на 17 стратешки нафтени полиња, со цел производството да достигне повеќе од 1,5 милиони барели дневно.
„Овој 25-годишен билатерален проект предвидува развој на 17 стратешки нафтени полиња со цел производство од повеќе од 1,5 милиони барели дневно“, изјави Родригез.
Таа нагласи дека предвиденото производство од 1,5 милиони барели дневно се однесува исклучиво на билатералниот договор меѓу Венецуела и САД.
Родригез истовремено порача дека договорот нема да го загрози суверенитетот на Венецуела над нејзините природни ресурси.
МАДУРО ПАДНА – Венецуела донесе закон и нафтата оди во приватни раце

