ВЕЛГОШТИ УТРЕ ЌЕ БЛЕСНЕ ВО ЧЕСТ НА ЖИВКО ЧИНГО Не пропуштајте ја „Вечерта на Живко Чинго“

Катица Ќулавкова, музичари, рецитатори и КУД „Илинден“ со богата програма на традиционалната културна манифестација.

ВЕЛГОШТИ УТРЕ ЌЕ БЛЕСНЕ ВО ЧЕСТ НА ЖИВКО ЧИНГО Не пропуштајте ја „Вечерта на Живко Чинго“
Фото: Општина Охрид

Општина Охрид, ООУ „Живко Чинго“ и Месната заедница Велгошти ве покануваат на традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, која ќе се одржи на 13 август 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во атарот на црквата „Света Петка“ во село Велгошти.

Во рамки на програмата ќе биде положено цвеќе пред спомен-обележјето на големиот македонски писател Живко Чинго, по што ќе следи обраќање на претставник на Општина Охрид.

Ќе биде доделена и наградата за најдобар расказ, а на присутните ќе им се обрати овогодишниот добитник, д-р Марјан Патлиџанковски.

Беседа за живоhttps://ohrid.gov.mk/wp-content/uploads/2026/08/Programa_Zivko_Cingo_2026.pdfтот и творештвото на Живко Чинго ќе одржи академик Катица Ќулавкова.

Манифестацијата ќе продолжи со богата културно-уметничка програма во рамки на проектот „Македониум“, во која ќе настапат Бојан Маркоски – хармоника, Стефан Чеменкоски – кларинет, Ѓоко Чеменкоски – вокал, Владимир Србиноски – пијано, Виктор Србиноски – виолина, Ристе Довлев – виолина, Величе Затуроски – клавир, Димитар Трпеновски – кахон и Софија и Виктор Милески – рецитатори.

Во програмата е предвиден и настап на КУД „Илинден“ – Велгошти.

Организаторите ги покануваат сите љубители на македонската литература, култура и уметност да бидат дел од оваа традиционална манифестација посветена на ликот и делото на Живко Чинго.

Линк: https://ohrid.gov.mk/wp-content/uploads/2026/08/Programa_Zivko_Cingo_2026.pdf

CATEGORIES
Share This