ВЕЧНОТО ДЕРБИ ПЕЛИСТЕР ВАРДАР – Картите распродадени за минути

Натпреварот започнува во недела во 19:00 часот со судии Металари и Николовски

ВЕЧНОТО ДЕРБИ ПЕЛИСТЕР ВАРДАР – Картите распродадени за минути
Фото: Принтскрин

Денес во 13:30 часот беа пуштени во продажба влезниците за вечното ракометно дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар, кои, како што се очекуваше, се распродадоа за само неколку минути. Салата „Боро Чурлевски“ ќе биде целосно исполнета неколку дена пред големиот дуел.

Во недела вниманието на ракометната и спортската јавност ќе биде насочено кон Битола, каде што се игра дербито од второто коло на плеј-офот во македонската Супер лига.

Битолчани со победа ќе се вратат во битката за титулата оваа сезона и ќе ја намалат негативата, која сега изнесува четири бода.

Дербито е закажано за недела со почеток во 19:00 часот, а судии на натпреварот ќе бидат Исмаил Металари и Ненад Николовски.

CATEGORIES
Share This