ВАШЕТО ВРЕМЕ ЗАВРШИ, ЕКСПЛОДИРАШЕ БУНДЕСТАГОТ Вајдел жестоко удри по Мерц, тој возврати со „деструктивна сила“

43,8 отсто за AfD во Саксонија-Анхалт, па жесток судир во парламентот – Русија, Украина и „Северен тек“ ја запалија германската политичка сцена.

ВАШЕТО ВРЕМЕ ЗАВРШИ, ЕКСПЛОДИРАШЕ БУНДЕСТАГОТ Вајдел жестоко удри по Мерц, тој возврати со „деструктивна сила“
Фото: Принтскрин

Германскиот канцелар Фридрих Мерц и лидерот на Алтернатива за Германија (AfD), Алис Вајдел, влегоа во жесток политички судир во Бундестагот околу политиката кон Русија и Украина, но и за миграцијата и енергетската политика на Германија.

Вајдел остро ја критикуваше, како што ја нарече, антируската воена пропаганда на германската влада и побара преиспитување на политиката кон Москва. Таа, меѓу другото, повика и на обновување на испораките на руски гас преку гасоводот „Северен тек“.

Лидерката на AfD директно го нападна Мерц, повикувајќи се на изборниот успех на нејзината партија во Саксонија-Анхалт.

„Сè уште не разбравте што гласачите на Саксонија-Анхалт се обидоа да ви кажат минатата недела. На крајот на краиштата, тоа веќе не е важно, бидејќи вашето време дефинитивно е завршено“, му порача Вајдел на канцеларот.

Таа ја обвини владата дека со својата политика придонесува за продлабочување на економските и енергетските проблеми во земјата, истовремено критикувајќи ја и миграциската политика. Мерц возврати со жестоки зборови, обвинувајќи ја AfD дека ја извртува реалноста околу војната во Украина.

„Отворено демонстрирате навистина апсурдна размена на тези, менувајќи ги местата на жртвата и агресорот“, порача германскиот канцелар.

Мерц ја опиша AfD како „деструктивна сила“ и порача дека Германија и натаму ќе продолжи да го поддржува Киев.

Дебатата во германскиот парламент дополнително ескалирала откако пратениците на AfD повеќепати го прекинувале говорот на Мерц. Судирот во Бундестагот доаѓа по значителниот изборен успех на десничарската партија во Саксонија-Анхалт, кој дополнително ги засили политичките тензии во Германија.

Според прелиминарните резултати, AfD освоила 43,8 проценти од гласовите на парламентарните избори во Саксонија-Анхалт, со што оствари убедлив резултат. Партијата се залага за значително заострување на миграциската политика, заштита на традиционалните вредности и промена на актуелниот пристап кон енергетската и надворешната политика.

Мерц го призна изборниот пораз на неговата Христијанско-демократска унија (CDU), додека неговата влада во последниот период се соочува со зголемени критики и пад на популарноста.

Владата на Мерц става силен акцент на зголемувањето на воените трошоци и планира изградба на една од најмоќните армии во Европа. Берлин настојува да ја зајакне одбранбената независност на Германија, но дел од експертите сметаат дека амбициозниот план за изградба на силна европска армија без значителна зависност од американскиот воено-индустриски комплекс ќе биде исклучително тешко да се реализира.

Политичкиот судир меѓу Мерц и Вајдел, пак, покажува дека прашањата за Русија, Украина, миграцијата и енергенсите стануваат сè поважни линии на поделба во германското општество.

ПОЛИТИЧКИ ЗЕМЈОТРЕС ВО ГЕРМАНИЈА – AfD со убедлива победа од 43,8%

CATEGORIES
Share This