ПОЛИТИЧКИ ЗЕМЈОТРЕС ВО ГЕРМАНИЈА – AfD со убедлива победа од 43,8%

Резултатот е повеќе од двојно подобар од оној на претходните покраински избори, додека CDU доживеа тежок пораз.

ПОЛИТИЧКИ ЗЕМЈОТРЕС ВО ГЕРМАНИЈА – AfD со убедлива победа од 43,8%
Фото: Принтскрин

Алтернативата за Германија (AfD) оствари убедлива победа на покраинските избори во германската покраина Саксонија-Анхалт, освојувајќи 43,8 проценти од гласовите. Сепак, партијата предводена од Улрих Зигмунд не успеа да обезбеди апсолутно мнозинство.

На второто место се најде Христијанско-демократската унија (CDU) на покраинскиот премиер Свен Шулц со 17,2 проценти, што претставува драматичен пад во однос на 37,1 процент освоен на изборите во 2021 година.

Резултатот на AfD е повеќе од двојно подобар во споредба со претходните избори, кога партијата освои 20,8 проценти од гласовите.

Социјалдемократската партија на Германија (SPD) освои 9,3 проценти, нешто повеќе од 8,4 проценти на претходните избори.

Зелените освоија 8,9 проценти, со што го подобрија резултатот од 5,9 проценти во 2021 година. Левицата освои 8,6 проценти, наспроти 11 проценти пред пет години, додека Алијансата Сара Вагенкнехт (BSW) освои 5,3 проценти од гласовите.

Резултатите се прелиминарни и се објавени од покраинската изборна комисија, а ги пренесува германскиот весник „Билд“.

CATEGORIES
Share This