УЖИВАЈТЕ ВО СОНЦЕТО ДОДЕКА МОЖЕТЕ Ппладне следува временски пресврт
По сончевото утро, во повеќе делови од земјата се очекуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер, додека температурите ќе достигнат до 36 степени.

Фото: Национал
Денот ќе започне со претежно сончево време и мала до умерена облачност. Во попладневните часови се очекува развој на нестабилна облачност, која на повеќе места ќе донесе пороен дожд, грмежи и локално засилен ветер.
Ќе дува умерен ветер, кој повремено ќе засилува. Во западните делови ќе биде од западен, а во источните од северозападен правец. Максималната дневна температура ќе се движи од 28 до 34 степени.
Во Скопје претпладнето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, додека попладне во делови од котлината се можни локални врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
CATEGORIES Македонија


