ПРЕД ДА ТРГНЕТЕ НА ПАТ Ова мора да го знаете

Чекања до 45 минути на Табановце, зголемен сообраќај на државните патишта и активни работи на повеќе делници – проверете ја состојбата пред да патувате.

ПРЕД ДА ТРГНЕТЕ НА ПАТ Ова мора да го знаете
Фото: Национал

Сообраќајот на државните патишта низ Македонија се одвива непречено по суви коловози, информира АМСМ. Сепак, поради зголемената фреквенција на возила, особено во екот на летната сезона, на одредени делници и гранични премини се бележат задржувања.

На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез и излез од државата изнесува околу 30 до 45 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања.

АМСМ апелира до возачите да возат со прилагодена брзина, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да бидат особено внимателни на делниците каде постои можност од појава на одрони. Најголема претпазливост се препорачува на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Потсетување и за возачите на товарни возила – до 31 август е во сила летниот режим на сообраќај, со временска забрана за движење на тешки товарни возила над 15 тони за време на викендите, како и во денови со екстремно високи температури. Дополнително, на магистралниот пат А2 Скопје – Охрид важи посебен режим за товарни возила над 7,5 тони.

Во меѓувреме, на повеќе патни правци низ државата продолжуваат градежните работи и санациите. Времен режим на сообраќај има на делници кај Штип, Гостивар – Стража, Желино, Скопската обиколница, Косоврасти – Мелнички Мост, како и на патниот правец Прилеп – Битола, каде сообраќајот е пренасочен поради изградба на Коридорот 10Д.

Од АМСМ ги повикуваат возачите пред секое патување да се информираат за актуелната состојба на патиштата и да ги следат привремените режими на сообраќај, со цел побезбедно и побрзо пристигнување до својата дестинација.

CATEGORIES
Share This