РАМА СО ПОРАКА ДО СКОПЈЕ Албанија нема да ја блокира Македонија на патот кон ЕУ

Осврнувајќи се на положбата на Албанците во регионот, Рама оценил дека тие денес се во подобра состојба од кој било претходен период и повика на зачувување на постигнатиот напредок.

РАМА СО ПОРАКА ДО СКОПЈЕ Албанија нема да ја блокира Македонија на патот кон ЕУ
Фото: Принтскрин

Албанскиот премиер Еди Рама изјавил дека Албанија, доколку стане членка на Европската Унија, нема да го користи правото на вето против Северна Македонија во процесот на европска интеграција.

Одговарајќи на прашање од студент од Скопје за тоа дали Тирана би можела да го блокира европскиот пат на Македонија, Рама порача дека отсекогаш се спротивставувал на употребата на ветото во процесот на проширување на ЕУ, оценувајќи дека таквиот механизам ја забавува интеграцијата.

„Албанија нема вето да му наметне никому и никаде. Имаме целосен интерес работите во Северна Македонија да се одвиваат што е можно подобро. Наш интерес е односите меѓу Македонците и Албанците да бидат братски и засновани на хармоничен соживот“, рекол Рама пред учесниците на младинскиот камп „RinCamp 2026“ во туристичкото место Јал, на кој учествуваат и млади од Македонија.

Тој додал дека демократските процеси не се едноставен пат, туку период со предизвици, подеми и падови, но дека Албанија, како што нагласил, го посакува најдоброто за Северна Македонија.

„Ветата се заложнички и неконструктивни механизми кои не придонесуваат за приближување на земјите кон ЕУ. Да се наметне вето на патот кон отворање преговори не е европски пристап“, изјавил Рама, пренесуваат албанските медиуми.

Албанскиот премиер истакнал и дека е потребен нов пристап на Европската Унија кон земјите кандидати, кои според него треба порано да бидат вклучени во процесите на европското одлучување.

„Политички, Европа мора да се обедини сега, а потоа секоја земја треба да ги исполни своите обврски“, рекол Рама, посочувајќи го Планот за раст како чекор во таа насока.

Осврнувајќи се на положбата на Албанците во регионот, Рама оценил дека тие денес се во подобра состојба од кој било претходен период и повика на зачувување на постигнатиот напредок.

CATEGORIES
TAGS
Share This