УТРИНСКИ НАПАД ВРЗ ИРАН Погодени воени објекти, властите откриваат детали

Американските сили извршија ракетни и воздушни удари врз неколку локации во покраината Бушер, а локалните власти тврдат дека засега нема жртви или повредени.

УТРИНСКИ НАПАД ВРЗ ИРАН Погодени воени објекти, властите откриваат детали
Фото: Принтскрин

Американските сили рано утрово извршија ракетни и воздушни напади врз неколку локации во иранската покраина Бушер, соопштија локалните власти. Според првичните информации, нема загинати или повредени.

Гувернерот на Бушер, Мохамед Мозафари, изјави дека нападите се случиле околу 4 часот наутро, при што делови од градот Бушер биле погодени со ракети. Две ракети паднале во областа на градот Чогадак.

По нападот, на терен веднаш излегле екипи на итните служби, полицијата и безбедносните сили. Надлежните велат дека состојбата во Чогадак и во целата покраина останува мирна.

Заменик-гувернерот задолжен за политички, безбедносни и социјални прашања, Ехсан Џаханијан, соопшти дека американските воздушни удари биле насочени кон воени објекти во близина на градовите Бушер, Џам и Дашти.

Тој додаде дека истрагата за размерите на нападот и евентуалната материјална штета е во тек, а дополнителни детали ќе бидат објавени по завршувањето на проценките.

CATEGORIES
Share This