ДЕНЕСКА ПЛАНИРАНИ ПРЕКИНИ НА СТРУЈАТА ВО СКОПЈЕ Четири села ќе бидат без електрична енергија до 15 часот
„Електродистрибуција“ најави планирани прекини на електричната енергија на дел од улиците во Скопје и во четири села во општина Петровец.

Делови од Скопје и околните населени места денеска, 29 октомври, привремено ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа, информира „Електродистрибуција“.
Во општина Кисела Вода, прекин на струјата е најавен на дел од улицата „Борис Трајковски“, на потегот од „Новус Трејд“ до „Европа гуми“. Прекинот ќе трае од 8:30 до 10:30 часот.
Без електрична енергија ќе останат и жителите на селата Дивље, Сушица, Живиње и Катлановска Сушица, во општина Петровец. Прекинот е планиран од 9 до 15 часот поради замена на столбови на 10-киловолтен далекувод.
Планирани се активности и во трафостаницата „Автокоманда 8“, поради кои прекин на струјата е најавен и на дел од улицата „Јани Лукровски“ во општина Гази Баба. За оваа локација засега не е наведен точниот термин на прекинот.

