УНГАРСКИОТ ПРЕМИЕР СО ПРОЦЕНКА – Две закани за Европа од војната во Иран кои може да ја потресат Европа

Орбан ги критикува западните елити и ја нагласува потребата од решително лидерство во време на глобални кризи.

УНГАРСКИОТ ПРЕМИЕР СО ПРОЦЕНКА – Две закани за Европа од војната во Иран кои може да ја потресат Европа
Фото: Принтскрин

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, предупреди дека конфликтот во Иран може да предизвика нов бран миграција и дополнително да ја влоши енергетската криза во Европа. Тој нагласи дека на континентот му е потребно силно и решително лидерство.

Во интервју за британскиот медиум GB News, Орбан истакна дека судирот меѓу Иран, Соединетите Американски Држави и Израел има сериозни последици за Европа.

Орбан посочи дека од конфликтот произлегуваат две клучни закани како што се миграцијата со нов бран мигранти може да создаде дополнителен притисок врз границите и безбедносните системи на земјите-членки и енергетската криза со прекините во снабдувањето со енергија кои можат да влијаат на економијата и цените на енергијата на континентот.

„Имаме две тешкотии кои нè загрозуваат поради овој конфликт а тоа се миграцијата и енергијата. Влијанието на војната врз снабдувањето и цените на енергијата може да создаде сериозни проблеми“, рече Орбан.

Премиерот ги критикуваше западните елити за тоа што, како што изјави, се потпираат на институции наместо на решителни лидери. Тој го спомна американскиот претседател Доналд Трамп како личност која може да го промени пристапот кон западното лидерство.

Орбан додаде дека е прерано да се заклучи дали американските напади врз Иран ќе доведат до мир или до ескалација на конфликтот:

„Прашањето е дали започнала војна или мир. Сè уште не е одлучено. Иран се смета за извор на конфликт, и потребно е време за да се види дали нападите ќе водат кон мир или спротивното“, заклучи Орбан.

CATEGORIES
TAGS
Share This