УМЕРЕН СООБРАЌАЈ Без поголеми задржувања на границите

Сообраќајот тече непречено, коловозите суви низ Македонија.

УМЕРЕН СООБРАЌАЈ Без поголеми задржувања на границите
Фото: Национал

На државните патишта сообраќајот се одвива без проблеми, со умерена фреквенција и без подолги задржувања на граничните премини.

Коловозите се суви, а АМСМ апелира возачите да ја прилагодат брзината, да ја почитуваат сигнализацијата и да бидат особено внимателни на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15 април, патниот правец Охрид-Ресен преку Националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тони.

CATEGORIES
Share This