ЕКСПЛОЗИЈА ВО ПОЛСКА Властите проверуваат дали паднал проектил или дрон

Инцидентот се случил за време на масовниот руски ракетен и дронски напад врз Украина. Полската воена команда проверува дали на територијата на земјата паднал проектил или борбен дрон.

ЕКСПЛОЗИЈА ВО ПОЛСКА Властите проверуваат дали паднал проектил или дрон

Полските власти истражуваат можна повреда на воздушниот простор, откако утрово била регистрирана силна експлозија во близина на местото Хмјелек, на околу 46 километри од границата со Украина.

Инцидентот се случил за време на масовниот руски ракетен и дронски напад врз Украина. Полската воена команда проверува дали на територијата на земјата паднал проектил или борбен дрон. Засега не се потврдени потеклото и видот на објектот.

Во рускиот напад врз Украина биле погодени објекти од критичната инфраструктура, вклучително и во Киев, каде што има најмалку тројца загинати и 15 повредени. Дел од градот останал без електрична енергија, вода и греење.

Инцидентот дополнително ги зголемува безбедносните загрижености во регионот, особено поради близината на Полска, членка на НАТО, до зоната на воените дејствија.

CATEGORIES
Share This