УКРАИНЦИТЕ НЕ ПРЕСТАНУВААТ Нов масовен удар врз Москва со стотици дронови

Руските власти соопштија дека биле соборени 63 дрона насочени кон Москва, а воздушниот сообраќај на неколку аеродроми беше привремено прекинат.

УКРАИНЦИТЕ НЕ ПРЕСТАНУВААТ Нов масовен удар врз Москва со стотици дронови
Фото: Принтскрин

Руските воздухопловни сили во текот на ноќта пресретнале и собориле десетици беспилотни летала кои се движеле кон Москва, соопштија локалните власти. Нападот предизвика привремено прекинување на воздушниот сообраќај на неколку аеродроми во близина на руската престолнина.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, преку Телеграм информираше дека руската противвоздушна одбрана уништила 63 дрона кои биле насочени кон градот. Тој додаде дека итните служби се испратени на локациите каде што паднале остатоци од соборените летала.

Поради безбедносни причини, привремено бил запрен воздушниот сообраќај на аеродромите Шереметјево, Домодедово, Внуково и Жуковски, соопшти руската служба за контрола на воздушниот сообраќај.

Според руското Министерство за одбрана, системите за противвоздушна одбрана во текот на ноќта собориле повеќе од 300 беспилотни летала низ различни региони.

Овој напад следува само неколку дена по претходниот удар врз рафинеријата за нафта во Москва, која според руските власти била цел на украински напад. Тогаш Москва соопшти дека биле пресретнати речиси 200 дронови, во еден од најголемите воздушни напади врз руската престолнина од почетокот на конфликтот во 2022 година.

CATEGORIES
TAGS
Share This