ПОГОДЕНА ОПРЕМА ВО НУКЛЕАРНАТА ЦЕНТРАЛА ЗАПОРОЖЈЕ Москва алармира, расте стравот од нуклеарен инцидент
Се тврди дека дрон погодил клучен објект во Запорожје нуклеарна централа.

Руски претставници и раководството на „Росатом“ изразија сериозна загриженост поради, како што тврдат, нападите врз инфраструктурата на нуклеарната централа Запорожје, предупредувајќи дека ваквите инциденти можат да имаат пошироки последици од регионалниот конфликт.
Специјалниот претставник на руското Министерство за надворешни работи за наводни злосторства на „киевскиот режим“, Родион Мирошник, изјави дека нападите не претставуваат закана само за Русија и Украина, туку и за пошироката меѓународна заедница.
„Би било наивно да се смета дека ваков напад ги засега само луѓето во Русија и Украина. Последиците би можеле да бидат глобални“, изјави тој.
Мирошник оценува дека ваквите дејства претставуваат сериозен ризик.
Тој додаде дека обидите за напад врз инфраструктурата на централата укажуваат на, како што рече, подготвеност за ризични потези и провокации, и покрај можните последици за милиони луѓе.
Во меѓувреме, од „Росатом“ и од централата во Запорожје беше соопштено дека, според нивни информации, украински дрон погодил објект на територијата на централата, при што е оштетена опрема во близина на турбинската сала на еден од реакторските блокови. Тие наведуваат дека тоа претставува прв ваков директен удар врз клучна инфраструктура на нуклеарна електрана.
Украинската страна не е опфатена во текстот со директна потврда за овие наводи.
