УЕФА ГО СУСПЕНДИРА, НО ДОПАТУВА ВО МАДРИД – Провокација за немири
Привремено суспендираниот Џанлука Престијани ќе патува во Мадрид, а неговото присуство на „Сантијаго Бернабеу“ може да предизвика инциденти.

Фото: Принтскрин
Реваншот од Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Бенфика вечерва се најавува како спектакл, но и како потенцијално конфликтен натпревар.
По инцидентот со Винисиус, УЕФА привремено го суспендираше Џанлука Престијани со цел да спречи нови проблеми во Мадрид додека трае истрагата. Сепак, од клубот од Лисабон веднаш поднесоа жалба.
Според најавите од Португалија, Престијани ќе патува во Мадрид и покрај суспензијата, а од Бенфика се надеваат дека нивната жалба ќе биде прифатена. Дури и неговото присуство на трибините на „Сантијаго Бернабеу“ може да предизвика силни реакции и можни инциденти.
CATEGORIES Фудбал


