ТУЖБИ ПРОТИВ ПЕТРУШЕВСКИ И ЖАН МИТРЕВ – Не сум нарко бос и лице кое насилно презема клиники- вели Заев

Заев ги отфрла сите обвинувања како измислица која го нарушува неговиот углед

ТУЖБИ ПРОТИВ ПЕТРУШЕВСКИ И ЖАН МИТРЕВ – Не сум нарко бос и лице кое насилно презема клиники- вели Заев
Фото: Принтскрин

Поранешниот премиер Зоран Заев на Фејсбук објави дека поднесени се тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев за клевета и навреда на чест и углед. Тој истакна дека нема дилема дека лагите ќе се докажат, а надоместокот од добиените тужби ќе биде наменет за деца без родители и лица со посебни потреби.

Заев бара 500.000 денари од Бране Петрушевски поради тврдењата дека Заев бил дел од нарко-картел и дека имал блиски врски со сопственикот на компанијата која се обидела да прошверцува пет тони дрога во Србија. Според Заев, тврдењето дека тој е вмешан во производство и трговија со марихуана е измислица од најнизок вид, пренесена од медиумите, и го навредува неговиот углед.

Од друга страна, Жан Митрев доби тужба поради потврдниот одговор на прашање во интервју дали Заев и Венко Филипче барале начин да се стекнат со сопственост над неговата клиника. Заев тврди дека ниту се обидувал, ниту имал намера за таква сопственост и бара од него исто така 500.000 денари како оштета.

CATEGORIES
Share This