ТРОЈНА КРУНА ВО НАЈАВА – Баерн во оваа сезона може да сруши сè пред себе

Потврда на доминацијата во Германија и европските амбиции сè уште живи што е шанса за историско заокружување на сезоната.

ТРОЈНА КРУНА ВО НАЈАВА – Баерн во оваа сезона може да сруши сè пред себе
Фото: Принтскрин

Германскиот фудбалски гигант Баерн Минхен на четири натпревари до крајот на првенството веќе ја обезбеди шампионската титула во Бундеслигата за оваа сезона (2025/26).

Сега на Баерн само му преостанува да ја запише една од најдобрите сезони во историјата на германското првенство.

Баварците во моментот имаат освоено 79 бодови и доколку во преостанатите четири натпревари забележат победи, ќе стигнат до вкупно 91 бод.

Ист број на бодови (91) беше остварен и во сезоната 2012/13 под водство на Јуп Хајнкес, кога Баерн постави историски рекорд. Сепак, актуелниот тим на Баерн има можност да го надмине тој подвиг, бидејќи во моментов има подобра гол-разлика од тогашниот тим (+80), што би можело да биде клучно за нов рекорд за Баварците.

Покрај тоа, клубот е во игра и за хет-трик титули бидејќи е во игра за двојна круна во Германија, откако избори пласман во финалето на Купот на Германија како и шанса да ја освои и Лига на шампионите каде се наоѓа меѓу полуфиналистите.

CATEGORIES
Share This