ТРГНУВАТЕ НА ПАТ Еве каква е состојбата на патиштата и границите утрово
Сообраќајот се одвива по суви коловози, фреквенцијата на возила е зголемена надвор од градовите, а АМСМ предупредува на можни одрони на неколку патни правци.

Сообраќајот на сите државни патишта низ Македонија деенска (17 јули) се одвива непречено и по суви коловози, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од урбаните средини е зголемен, но на граничните премини од македонска страна во моментов нема подолги задржувања ниту за влез, ниту за излез од државата.
Од АМСМ апелираат возачите да ја прилагодат брзината на движење кон условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно, особено на делниците каде постои опасност од одрони.
Зголемена претпазливост се препорачува на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Воедно, АМСМ потсетува дека од 15 април е во сила сезонскиот режим на сообраќај, според кој патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк „Галичица“ е отворен за сообраќај за сите видови возила со вкупна маса до 3,5 тони.


