ТРАМП НЕ ПОПУШТА Нафтата скокна

Пропаѓа надежта за нов договор со Иран, пазарите веднаш реагираа.

ТРАМП НЕ ПОПУШТА Нафтата скокна
Фото: Принтскрин

Цените на нафтата продолжија да растат и трет ден по ред, откако се зголеми неизвесноста околу можноста за постигнување нов договор меѓу САД и Иран. Утрово цената на суровата нафта „Брент“ надмина 91,7 долари за барел, додека американската нафта WTI поскапе за 1,2 отсто, достигнувајќи 85,5 долари за барел.

Главен фактор за растот на цените се оценува изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека не е заинтересиран за продолжување на привремениот мировен договор со Иран. Меморандумот за разбирање потпишан во јуни, кој предвидуваше 60-дневен период за преговори за постигнување долгорочен договор, официјално истече вчера.

Во меѓувреме, Иран и Оман продолжуваат со разговорите за договор со кој би се регулирал транспортот низ Хормускиот Проток, без директно учество на САД. Сепак, проценките се дека Вашингтон тешко би поддржал договор што не гарантира непречен и неограничен премин низ оваа стратешки важна поморска рута.

Дополнителен фактор за пазарот е тоа што производителите од Блискиот Исток, според проценките, сè поуспешно организираат тајно пренесување нафта низ Хормускиот Проток до светските купувачи. Неизвесноста околу иднината на договорот и состојбата со транспортот низ Ормускиот Проток продолжува да врши силен притисок врз глобалниот пазар на нафта.

НАФТАТА ПОЕВТИНИ, НО СЛЕДУВА НОВ ШОК Еден потег може повторно да ги вивне цените

CATEGORIES
Share This