ТРАМП НА ГОЛЕМ ИСПИТ Американците гласаат, демократите се надеваат на преземање на Конгресот

Резултатот ќе покаже дали републиканците ќе ја задржат контролата врз Конгресот или демократите ќе му зададат сериозен политички удар на претседателот Доналд Трамп.

ТРАМП НА ГОЛЕМ ИСПИТ Американците гласаат, демократите се надеваат на преземање на Конгресот
Фото: Принтскрин

Гласачите во Соединетите Американски Држави денес излегуваат на среднорочни конгресни избори, на кои ќе се избираат сите 435 членови на Претставничкиот дом и 35 од вкупно 100 сенатори.

Во центарот на изборната битка е контролата врз американскиот Конгрес. Главното прашање е дали републиканците, кои се политичката сила на претседателот Доналд Трамп, ќе успеат да го задржат мнозинството во двете комори или демократите ќе направат пресврт и ќе ја преземат контролата врз законодавниот дом.

Гласачките места се отвораат во различни термини, зависно од сојузната држава, почнувајќи од 05:00 часот наутро, додека затворањето на последните избирачки места е предвидено најдоцна до полноќ.

Изборните резултати ќе имаат директно влијание врз политичката позиција на Трамп и способноста на неговата администрација да ги спроведува најавените политики. Доколку демократите освојат мнозинство во една или во двете конгресни комори, претседателот би можел да се соочи со сериозни пречки при усвојувањето на законите и реализацијата на својата агенда.

Најновите анкети укажуваат на предност на демократите во националното расположение на гласачите. Меѓу главните теми што влијаат врз изборните определби се економската состојба, растот на трошоците за живот и загриженоста на граѓаните за нивниот животен стандард.

Среднорочните избори традиционално се сметаат за важен тест за актуелниот претседател, а овогодишното гласање може да ја промени политичката рамнотежа во Вашингтон и да го одреди просторот за дејствување на администрацијата на Трамп во продолжението на мандатот.

ТРАМП ПОВТОРНО ЈА НАПАДНА ИЛХАН ОМАР Тврди дека се омажила за сопствениот брат

CATEGORIES
Share This