ТРАМП ПОВТОРНО ЈА НАПАДНА ИЛХАН ОМАР Тврди дека се омажила за сопствениот брат

На предизборен митинг во Канзас, американскиот претседател повторно ја обвини сомалиско-американската конгресменка дека се омажила за својот брат за да изврши имиграциска измама.

ТРАМП ПОВТОРНО ЈА НАПАДНА ИЛХАН ОМАР Тврди дека се омажила за сопствениот брат
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги актуелизираше обвинувањата против демократската конгресменка Илхан Омар, тврдејќи дека таа се омажила за сопствениот брат за да добие имиграциски придобивки.

Говорејќи на републикански предизборен митинг во Салина, Канзас, Трамп започна да зборува за своите сестри, нагласувајќи дека никогаш не би можел да замисли романтична врска или брак со некоја од нив.

„Имам две прекрасни сестри. Едната почина, таа беше фантастична личност, федерален судија, врвен, врвен федерален судија. А другата е исто така убава, но никогаш не сакав да бидам во врска со неа или да се оженам со неа“, рече Трамп.

Потоа ја искористи темата за повторно да ја нападне Омар, доведувајќи го во прашање нејзиниот одговор на долгогодишните обвинувања дека се омажила за својот брат.

Американскиот претседател тврдеше дека кога конгресменката била прашана дали се омажила за својот брат, таа одговорила: „Колку што знам, не се омажила“.  Трамп го протолкува овој одговор како потврда на обвинувањата.

„Тоа значи дека се омажила. Тоа значи дека нејзиниот адвокат ѝ рекол да не лаже кога ја прашале, бидејќи може да заврши во затвор“, изјави американскиот претседател.

Омар со години ги отфрла ваквите тврдења, оценувајќи ги како неосновани политички напади.

Трамп и неговите политички поддржувачи со години ја обвинуваат Илхан Омар дека во 2009 година стапила во брак со Ахмед Нур Саид Елми, за кого тврдат дека е нејзин брат, со цел да се изврши имиграциска измама. Конгресменката ги негира овие обвинувања, а досега не е докажано дека лицето со кое склучила брак е нејзин брат.

Трамп повторно ја отвори оваа тема во рамки на својата политичка кампања, користејќи ја за остра критика кон демократската конгресменка.

Инаку, постарата сестра на американскиот претседател, Мериен Трамп Бери, беше федерална судијка и почина во 2023 година на 86-годишна возраст. Неговата друга сестра, Елизабет Трамп Грау, е жива.

ТРАМП НАЈАВИ ПОМИЛУВАЊА ЗА СИТЕ СВОИ ЛУЃЕ АКО ПОБЕДАТ ДЕМОКРАТИТЕ За законите ќе станам господин Вето

CATEGORIES
TAGS
Share This