ТРАМП НАЈАВИ ПРЕСВРТ СО ЦАРИНИТЕ СО КИНА И ЕВРОПА Ќе направиме многу добар договор и со Европа и со Кина

Откако стави пауза од 90 дена за царините за сите освен за Кина, денес за време на посетата на Вашингтон на италијанската премиерка Мелони, Трамп излезе со помирувачка изјава околу трговските договор

ТРАМП НАЈАВИ ПРЕСВРТ СО ЦАРИНИТЕ СО КИНА И ЕВРОПА Ќе направиме многу добар договор и со Европа и со Кина

Трамп продлжува да ја бранува светската јавност со царинските тарифи. Откако стави пауза од 90 дена за царините за сите освен за Кина, денес за време на посетата на Вашингтон на италијанската премиерка Мелони, Трамп излезе со помирувачка изјава околу трговските договор. Притоа Мелони го покани Трамп во Италија со цел да ги разгледаат дополнителните можности со цел да се склучи договор.

„Сигурна сум дека можеме да направиме договор и јас сум тука да помогнам со тоа. Јас не можам да го погледнам договорот во име на ЕУ. Мојата цел е да го повикам претседателот Трамп да оствари официјална посета на Италија и да ги разбере можностите кога е во прашање организирање на таков состанок со Европа“ рече Џорџа Мелони.

За Трамп најмал проблем е да се договори со Европа, и верува дека во скоро време ќе има огромни трговските размени.

Ќе има трговски договор 100 проценти, можеби мислите дека нема да има, но се разбира дека ќе има многу трговска размена.  Тие сакаат да направат еден многу(договор), па така ние ќе направиме трговски договор, јас целосно го очекувам тоа. Но, тоа ќе биде фер договор“ – истакна Трамп.

Царините за Кина во моментот изнесуваат 245 отсто. Пекинг соопштија дека нема веќе да обрнуваат внимание на како што велат “играта со бројки“ од страна на Трамп и дека се отворени за разговори. Додека пак американскиот претседател најави добар договор со Пекинг на денешната средба со италијанската премиерка.

„Мислам дека ќе направиме многу добар договор со Кина. Мислам дека ќе видите дека ќе направиме добар договор со Кина“ – рече Трамп.

Џорџа Мелони е првиот европски лидер што го посети Вашингтон откако Трамп воведе царини од 20 отсто за ЕУ ​​претходниот месец.

Во меѓувреме, во Париз францускиот претседател Емануел Макрон, американскиот државен секретар Марко Рубио, специјалниот пратеник за Блиски Исток на СAД Виткофф и украинскиот министер за надворешни работи Умеров одржаа состанок за иднината на Украина.

CATEGORIES
Share This