ТРАМП, МАКРОН И СИЛЈАНОВСКА НА ИСТА МАСА Почна клучниот самит на НАТО во Анкара

Македонската делегација предводена од претседателката Гордана Силјановска-Давкова учествува на дводневниот самит во Анкара, каде лидерите на 32-те членки на НАТО ќе разговараат за одбраната, безбедноста, инвестициите и продолжувањето на поддршката за Украина.

ТРАМП, МАКРОН И СИЛЈАНОВСКА НА ИСТА МАСА Почна клучниот самит на НАТО во Анкара
Фото: Принтскрин

Македонската делегација, предводена од претседателката Гордана Силјановска-Давкова, денеска и утре учествува на Самитот на НАТО во Анкара, каде што лидерите на 32-те земји-членки ќе разговараат за клучните безбедносни предизвици и иднината на Алијансата.

Во составот на државната делегација се министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, како и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

Во фокусот на дводневниот самит се зајакнувањето на одбранбените капацитети на НАТО, зголемувањето на инвестициите во одбраната, развојот на одбранбената индустрија и продолжувањето на поддршката за Украина.

За време на посетата, министерот Мисајловски ќе учествува на Форумот за одбранбена индустрија, на приемот што го организира турскиот министер за национална одбрана Јашар Ѓулер, како и на церемонијата по повод приклучувањето на Франција, Финска и Шведска кон програмата NATO Flight Training Europe (NFTE).

Предвидени се и повеќе билатерални средби со министрите за одбрана на земјите-сојузнички, како и учество на состанокот на Северноатлантскиот совет со партнерите од Индо-Пацификот – Австралија, Јапонија, Нов Зеланд и Јужна Кореја.

На самитот присуствуваат лидерите на сите 32 земји-членки на Алијансата, меѓу кои американскиот претседател Доналд Трамп, францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер, германскиот канцелар Фридрих Мерц, италијанската премиерка Џорџа Мелони, генералниот секретар на НАТО Марк Руте и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта. Покрај шефовите на држави и влади, во Анкара се присутни и бројни министри, дипломати и претставници на меѓународни организации.

CATEGORIES
Share This