ТРАГЕДИЈА ВО ГОСТИВАР – Син осомничен за убиство на татко

Осомничениот тврди дека татко му починал по пад во купатило, но случајот не бил пријавен.

ТРАГЕДИЈА ВО ГОСТИВАР – Син осомничен за убиство на татко
Фото: Принтскрин

На 31.03.2026 година во 01:50 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишија од слобода М.Д. (34) од Гостивар, поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство“.

Претходно, во 01:30 часот, во Полициската станица Гостивар било пријавено од машко лице дека се сомнева на убиство на член од неговото семејство. Полициските службеници веднаш излегле на местото на настанот, каде во куќата бил пронајден починат К.Д. (63) од Гостивар, со видливи повреди и траги од насилство на главата. Поради сомнение за убиство, веднаш бил лишен од слобода неговиот син.

Според првичните изјави на осомничениот, татко му починал претходниот ден околу 14:50 часот по пад во купатило, но тој не го пријавил случајот кај надлежните служби.

За настанот е известен Јавен обвинител, а се преземаат мерки за целосно расчистување. По завршување на истрагата ќе биде поднесена соодветна пријава.

CATEGORIES
Share This