ТРАГЕДИЈА ШТО ЈА ПОТРЕСЕ ЕВРОПА Денот кога згасна „Кошаркарскиот Моцарт“
Хрватска и светот сè уште тагуваат по изгубениот шампион.

Трагичната смрт на Дражен Петровиќ на 7 јуни 1993 година на автопат во Германија останува еден од најтажните моменти во историјата на хрватскиот спорт. По неговото заминување тагуваа не само Хрватска, туку и сите љубители на кошарката ширум светот.
Неговиот живот згасна ненадејно, во сон, додека се наоѓал на совозачкото место во автомобил „Голф“, кој го управувала неговата девојка Клара. Почина на само 28 години, во период кога се наоѓаше на врвот на својата спортска форма и пред најголемите успеси во кариерата.
Хрватска тогаш загуби еден од своите најголеми спортски херои и омилени личности, човек кој претставуваше инспирација за милиони. По неговата смрт, хрватската кошарка повеќе никогаш не беше иста.
Дражен Петровиќ освои бројни трофеи, медали и постигна илјадници поени, градејќи импресивна кариера. Само што започна да се етаблира и во НБА лигата, каде европските играчи тогаш сè уште се пробиваа, неговиот пат беше прерано прекинат во момент кога достигнуваше вистински зенит.
Наречен „Кошаркарски Моцарт“ од италијански новинар, Петровиќ ја воодушевуваше Европа со настапите во Цибона, а подоцна и во Реал Мадрид.
Неговиот лик и дело останаа трајно запаметени преку споменици и признанија, како доказ дека не беше само врвен спортист, туку и легенда која неговиот народ ја претвори во вистински мит.


