ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО ВРЕМЕ СО ПОВРЕМЕНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД Температурата до 13 степени

Слаб до умерен југоисточен ветер, поизразен долж Повардарието. Во Скопје се очекува слаб дожд и слаб ветер.

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО ВРЕМЕ СО ПОВРЕМЕНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД  Температурата до 13 степени
Фото: Принтскрин

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд нè очекува денеска низ земјава, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималната температура ќе се движи околу 3 степени, додека максималната ќе достигне до 13 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој повремено ќе биде поизразен долж Повардарието.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

CATEGORIES
Share This