ТАЖНА ВЕСТ Почина Арсим Зеколи
Неговите ставови често предизвикуваа јавни дебати и реакции.

Фото: Принтскрин
Рано утрово, на 8 јуни 2026 година, на 60-годишна возраст почина поранешниот амбасадор и политички аналитичар Арсим Зеколи. Веста за неговата смрт ја соопшти неговиот брат Шефќет Зеколи преку објава на социјалните мрежи.
„Со длабока болка и голема тага, ве известуваме дека денес, во раните утрински часови, неочекувано почина нашиот брат, Арсим Сулејман Зеколи (1966–2026)“, се наведува во објавата.
Погребната церемонија ќе се одржи денес во 18:00 часот на гробиштата во селото Блаце.
Арсим Зеколи беше поранешен амбасадор на Македонија во ОБСЕ во Виена, а во јавноста беше познат како политички аналитичар, дипломат и остар критичар на политичките процеси, чии ставови редовно предизвикуваа внимание и јавни дебати.
CATEGORIES Македонија


