ЛУЃЕТО СЕ СЕЌАВААТ, ТОА Е НИВНОТО НАЈГОЛЕМО ПРОКЛЕТСТВО Приказна за минатото што не дава мир

Македонскиот „Кино Око“ е копродуцент на филмот во режија на Горан Војновиќ и Александар Поповски, кој се снимаше во пет европски земји и ги обединува познатите регионални актери.

ЛУЃЕТО СЕ СЕЌАВААТ, ТОА Е НИВНОТО НАЈГОЛЕМО ПРОКЛЕТСТВО Приказна за минатото што не дава мир
Фото: Принтскрин

Заврши снимањето на долгометражниот игран филм „Југославија, моја татковина“ (Jugoslavija, moja dežela), по сценарио и во режија на Горан Војновиќ и Александар Поповски. Филмот е во продукција на словенечката „Арсмедиа“, додека македонски копродуцент е „Кино Око“.

„Луѓето се сеќаваат. Тоа е нивното најголемо проклетство“, гласи една од пораките во романот на Горан Војновиќ, според кој е снимен филмот. Приказната отвора прашања за минатото, семејните тајни и последиците од војната што продолжуваат да ги прогонуваат луѓето.

Главниот лик, Владан Боројевиќ, е триесетгодишен доцент на Факултетот за уметности, кој живее мирен живот со својата девојка Надја. Сè се менува кога на една фотографија забележува војник што неверојатно потсетува на неговиот покоен татко. Откритието го вовлекува во потрага по вистината што може да му го промени животот.

Снимањето се одвиваше во Словенија, Хрватска, Австрија, Босна и Херцеговина и Србија, а филмот обединува актери од повеќе земји во регионот.

Продуцент е Боштјан Иковиќ од „Арсмедиа“, а македонски копродуцент е Роберт Насков од „Кино Око“. Директор на фотографија е Милош Срдиќ, сценограф е Наташа Рогељ, костимограф Јелена Проковиќ, а за маската се погрижи Горан Игњатовски. Музиката е дело на Кирил Џајковски, монтажата ја потпишува Александар Станојевиќ, а дизајнот на звукот е на Боштјан Качичник.

Главните улоги ги толкуваат Матевж Слуга, Клара Кук, Наташа Барбара Грачнер, Игор Самобор, Драган Мичановиќ, Зоран Цвијановиќ, Изудин Бајровиќ и други познати регионални актери.

Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.

CATEGORIES
Share This