СВЕЧЕН ПРИЕМ ВО СКОПЈЕ – САД ја одбележаа 250-годишнината од независноста

Свечен прием во амбасадата собра дипломати, политичари и јавни личности.

СВЕЧЕН ПРИЕМ ВО СКОПЈЕ – САД ја одбележаа 250-годишнината од независноста
Фото: Принтскрин

Во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје се одржа свечен прием по повод одбележувањето на 250-годишнината од американската независност.

Настанот, кој традиционално се организира неколку дена пред 4 јули, собра бројни гости, меѓу кои дипломати, претставници на политички партии, градоначалници, како и јавни личности и новинари.

В.д. амбасадорката на САД, Никол Варнс, во своето обраќање истакна дека јубилејот не претставува само прослава на историјата, туку и на можностите што ги носи иднината. Таа нагласи дека напредокот на општествата зависи од поттикнувањето иновации, вложувањето во таленти и довербата во граѓаните.

Свеченоста, која заврши со традиционален огномет, беше искористена и како потврда на долгорочното стратешко партнерство и пријателство меѓу двете земји во рамки на демократските процеси.

CATEGORIES
Share This