СВЕЧЕН КОНЦЕРТ ЗА 60 ГОДИНИ ФМУ Младите уметници го слават јубилејот

Настан под покровителство на претседателката Сиљановска-Давкова.

СВЕЧЕН КОНЦЕРТ ЗА 60 ГОДИНИ ФМУ Младите уметници го слават јубилејот
Фото: Принтскрин

Во чест на значајниот јубилеј, 60 години од основањето на Факултет за музичка уметност Скопје, во рамките на концертната серија „ФМУ 60 години“, ќе се одржи свечен концерт на студентите на Факултетот.

Настанот се реализира со финансиска поддршка од Министерство за култура и туризам и под покровителство на претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, со што уште еднаш се потврдува значењето на музичката уметност, образованието и негувањето на културните вредности.

Свечениот концерт ќе се одржи вечерва на 1 јуни во салата на Музејот на македонската борба за самостојност Скопје, со почеток во 20 часот. Публиката ќе има можност да проследи внимателно подготвена музичка програма во изведба на младите уметници, студентите на ФМУ, кои со својот талент, посветеност и уметнички израз го продолжуваат богатото музичко наследство на институцијата.

CATEGORIES
Share This