ОД СИРОПИТАЛИШТЕ ДО ЛЕГЕНДА Неверојатниот пат на Мерилин Монро

Родена пред 100 години, од Норма Џин до Мерилин Монро: Почеток на една легенда.

ОД СИРОПИТАЛИШТЕ ДО ЛЕГЕНДА Неверојатниот пат на Мерилин Монро
Фото: Принтскрин

На денешен ден, пред 100 години е родена легендарната американска филмска актерка и модел Мерилин Монро.

Родена во Лос Анџелес како Норма Џин Мортенсон, таа голем дел од своето детство го поминала во 12 згрижувачки семејства и во сиропиталиште. На 16-годишна возраст се омажила за полицаецот Џејмс Доерти, а набргу потоа започнала да работи во фабриката на компанијата „Рејдиоплејн“, сопственост на холивудскиот актер Реџиналд Дени.

Нејзината кариера започнала да се развива кога воениот фотограф Дејвид Коновер ја забележал додека фотографирал жени вклучени во воените напори. По тоа, таа потпишала договор со моделската агенција „Сината книга“. Потоа следувале краткорочни договори со филмските студија „20th Century Fox“ и „Columbia Pictures“, како и мали улоги што постепено ја вовеле во светот на Холивуд.

Кон крајот на 1950-тите, таа повторно потпишала договор со „Фокс“, а во тој период го усвоила сценското име Мерилин Монро и комбинација од името на бродвејската актерка Мерилин Милер и моминското презиме на нејзината мајка. Така, Норма Џин Бејкер станала една од најпознатите холивудски ѕвезди.

Монро била препознатлива по своите комични улоги на „секси русокоса“ и во 1950-тите и почетокот на 1960-тите станала глобален секс-симбол и културна икона на ерата. На врвот на популарноста била најплатената актерка во Холивуд, а нејзините филмови заработиле околу 200 милиони долари до почетокот на 1960-тите (што денес би изнесувало околу 2 милијарди долари).

Најпознати нејзини филмови се „Џентлмените претпочитаат русокоси“, „Како да се ожените со милионер“, „Принцот и танчерката“ и „Бизнис со мајмуни“. Врвот на нејзината кариера се смета улогата во филмот „Некои го сакаат жешко“, за која ја доби наградата Златен глобус за најдобра актерка.

CATEGORIES
TAGS
Share This