СУДСКИОТ СОВЕТ ГО РАЗРЕШИ РИСТОВ Но платата не му ја скратија

Обвинет и во притвор од јануари, а сепак ќе ја земе целата септемвриска плата.

СУДСКИОТ СОВЕТ ГО РАЗРЕШИ РИСТОВ Но платата не му ја скратија
Фото: Принтскрин

Судскиот совет на 557. седница на 30 септември 2026 година го разрешил апелациониот судија Ѓоко Ристов поради, како што е наведено, „нестручно и несовесно вршење на судиската функција“.

Ристов од јануари е во притвор и досега беше само суспендиран. И покрај тоа, според објавените информации, ќе ја прими и целата септемвриска плата.

Тој е обвинет за противправно стекнување и прикривање имот и перење пари, откако во семејната куќа во Неготино беа пронајдени 350.000 непријавени евра скриени во ѕид.

Судскиот процес започна на 28 мај, а доказната постапка сè уште трае. Неговата сопруга по разрешувањето обвини за наводен притисок врз членовите на Судскиот совет.

CATEGORIES
Share This