СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОБЕДИ ВО СРБИЈА Муцунски веднаш се огласи

Шефот на македонската дипломатија им посака успех во исполнувањето на очекувањата на граѓаните и порача дека Македонија останува посветена на продлабочување на пријателските и добрососедските односи со Србија.

СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОБЕДИ ВО СРБИЈА Муцунски веднаш се огласи
Фото: Принтскрин

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, им ја честиташе победата на претставниците на Студентската листа на предвремените парламентарни избори во Србија, посакувајќи им успех во преземањето на одговорноста и исполнувањето на очекувањата на граѓаните.

Во објава на социјалната мрежа „Х“, Муцунски им честиташе и на граѓаните на Србија за, како што наведе, успешно спроведените парламентарни избори.

Тој нагласи дека Македонија останува посветена на натамошното продлабочување на пријателството и добрососедските односи со Србија.

Според Муцунски, унапредувањето на билатералните односи е во интерес на заедничката иднина, стабилноста и просперитетот на целиот регион.

CATEGORIES
Share This