ПЛАТФОРМАТА12:05 И СДСМ ПОВИКУВААТ НА ОБЕДИНУВАЊЕ Ама прво вие обединете се

„12:05“ и СДСМ повикуваат на обединување на опозицијата и заеднички фронт против власта, но повикот отвора прашање: како да се обединат сите кога единството е предизвик и меѓу самите повикувачи?

ПЛАТФОРМАТА12:05 И СДСМ ПОВИКУВААТ НА ОБЕДИНУВАЊЕ Ама прво вие обединете се
Фото: Принтскрин

Организаторите на иницијативата „Разговори за иднината во 12:05“ повикаа на вистинско обединување на целокупната прогресивна демократска опозиција, оценувајќи дека тоа е клучен услов за политички промени на Балканот. Нивната порака доаѓа по изборните случувања во Србија и Бугарија, кои, според нив, отвораат прашања и за политичките процеси во Македонија.

Од „12:05“ побараа воведување една изборна единица со отворени листи пред следните парламентарни избори, поголемо вклучување на студентите и младите во политиката и заштита на националните интереси во процесот на пристапување кон Европската Унија. Тие сметаат дека европската интеграција не треба да подразбира прифаќање национални отстапки без широка поддршка во македонското општество.

Во однос на Бугарија, организаторите ја критикуваа Илијана Јотова за нејзиниот однос кон случајот со Ива Михајлова и побараа таа да иницира постапка за нејзина екстрадиција во Македонија. Истовремено, предупредија дека радикалните пораки во изборната кампања можат дополнително да ги влошат билатералните односи.

Повиците за обединување на опозицијата се присутни и во политичките настапи на СДСМ и на нејзини функционери, кои исто така се залагаат за заедничко дејствување на опозициските партии против актуелната власт. Така, прашањето за обединување на опозицијата повторно се наметнува како една од темите во домашниот политички живот.

CATEGORIES
Share This