СТУДЕНО УТРО, СОНЧЕВ И ТОПОЛ ДЕН Температурите до 26 степени
Ведро и студено наутро, а преку ден сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност.

Фото: Национал
Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот се очекува сончево и релативно топло време, со мала до умерена локална облачност.
Температурите ќе се движат од 4 до 26 степени, а ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во Скопје ќе биде сончево и релативно топло, со мала облачност и слаб ветер од променлив правец.
CATEGORIES Македонија

