СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА НЕПРЕЧЕН Коловозите суви

Сообраќајот се одвива непречено по суви коловози, но се предупредува на можни одрони низ котлините, речните долини и клисурите.

СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА НЕПРЕЧЕН Коловозите суви
Фото: Национал

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ апелираат до возачите да ја прилагодат брзината, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да управуваат внимателно, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност за појава на одрони.

Во однос на сезонскиот режим на сообраќај, патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк „Галичица“ е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тони.

CATEGORIES
Share This