СТРАШНИ РИВАЛИ – Македонија падна во најтешката група на шампионатот
Ждрепката не им беше наклонета на македонските ракометарки кои добија исклучително силни противници во групната фаза.

Фото: Принтскрин
Женската ракометна репрезентација на Македонија ги дозна своите противници по денешната ждрепка за Европското првенство, кое ќе се одржи во декември во пет европски држави.
Македонските ракометарки ќе настапат во група со селекциите на Норвешка, Романија и Швајцарија. Натпреварите од оваа група ќе се играат во Клуж, Романија.
Иако Македонија не важи за еден од фаворитите, селекцијата ќе се обиде да прикаже солидни игри и да постигне позитивни резултати на големата континентална сцена. Европското првенство за ракометарки ќе се одржи од 3 до 20 декември.
CATEGORIES Ракомет
