СТИГНАА НОВИТЕ ПОДАТОЦИ Што навистина се случува во Хормускиот теснец

И покрај тензиите во регионот, комерцијалните бродови сè уште минуваат низ Ормускиот теснец, но со значително намален интензитет.

СТИГНАА НОВИТЕ ПОДАТОЦИ Што навистина се случува во Хормускиот теснец
Фото: Принтскрин

Комерцијалниот поморски сообраќај низ Ормускиот теснец продолжува и покрај зголемените тензии во регионот, но бројот на бродови е значително намален. Според иранската агенција Тасним, дел од пловилата се движат по рути што ги одредил Иран.

Податоците од поморскиот надзор покажуваат дека во текот на викендот низ теснецот поминале ограничен број бродови. Меѓу нив биле и два големи танкери за сурова нафта (VLCC), кои влегле во Персискиот Залив без товар.

Аналитичарите проценуваат дека ќе бидат потребни неколку месеци за поморскиот сообраќај да се врати на нивото пред последната ескалација на конфликтите во регионот.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, порача дека Техеран има клучна улога во процесот на повторно нормализирање на пловидбата низ Хормускиот теснец, предупредувајќи дека странското мешање може дополнително да ја усложни ситуацијата.

Хормускиот теснец останува една од најважните светски поморски точки, бидејќи низ него поминува приближно една петтина од глобалната трговија со нафта.

ТАНКЕРИТЕ ПОВТОРНО ГО ОСВОЈУВААТ ХОРМУТСКИОТ ТЕСНЕЦ Што значи договорот меѓу САД и Иран?

CATEGORIES
Share This