ПРВИОТ ЛЕТ ПО ВОЈНАТА ОТКРИВА НЕШТО ГОЛЕМО Иран и Дубаи повторно се поврзуваат

По четири месеци прекин, првиот комерцијален лет од Иран пристигна во Дубаи, што се толкува како можен сигнал за постепено намалување на тензиите.

ПРВИОТ ЛЕТ ПО ВОЈНАТА ОТКРИВА НЕШТО ГОЛЕМО Иран и Дубаи повторно се поврзуваат
Фото: Принтскрин

Комерцијален авион од Иран денеска пристигна на меѓународниот аеродром во Дубаи, што претставува прво директно цивилно воздушно поврзување меѓу двете земји од почетокот на војната пред четири месеци. Летот на авиокомпанијата „Сеперан ерлајнс“ слетал во Дубаи во 13:39 часот по локално време, според податоците објавени на официјалната страница на аеродромот. За подоцна во текот на денот е планиран и повратен лет од Дубаи кон Техеран.

Обновувањето на воздушниот сообраќај доаѓа во период на постепено смирување на односите меѓу Иран и Обединетите Арапски Емирати, откако ОАЕ беа меѓу земјите од Заливот кои претрпеа најсилни напади за време на американско-израелскиот конфликт со Техеран. За време на воените дејствија, Иран лансираше голем број ракети и беспилотни летала кон цели во ОАЕ, вклучително и воени, енергетски и цивилни објекти.

И покрај прекинот на огнот постигнат меѓу Вашингтон и Техеран во април, односите меѓу Иран и ОАЕ останаа затегнати. Емиратите, кои се близок партнер на САД и имаат развиени односи со Израел, по нападите зазедоа повнимателен став кон Техеран и ги намалија дел од економските и културните контакти.

Сепак, сигналите за дипломатско приближување се појавија минатата недела, кога иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи телефонски разговараше со својот колега од ОАЕ, шеикот Абдула бин Зајед,  прв контакт на толку високо ниво од почетокот на конфликтот.

CATEGORIES
Share This