ССМ ЈА ОБЈАВИ НОВАТА КОШНИЧКА Еве колку му треба на едно семејство за живот во Македонија

Новата пресметка на ССМ покажува дека минималните месечни потреби и натаму се над 68 илјади денари, а со кирија сумата надминува 84 илјади денари.

ССМ ЈА ОБЈАВИ НОВАТА КОШНИЧКА Еве колку му треба на едно семејство за живот во Македонија
Фото: Национал

Синдикалната минимална кошница за едно четиричлено семејство во јуни изнесува 68.654 денари, што е намалување од 88 денари во споредба со мај, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Доколку семејството живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, месечните минимални трошоци се зголемуваат на 84.024 денари.

Најголем дел од буџетот, според пресметката на ССМ, се издвојува за храна и безалкохолни пијалаци, за кои биле потребни 25.120 денари. За режиски трошоци биле потребни 6.379 денари, додека за облека и обувки околу 6.511 денари, односно приближно 100 евра.

CATEGORIES
Share This