СРБИЈА ОСТАНА БЕЗ СЕЛЕКТОР – Во петок клучната одлука
Во соопштението, ФСС се заблагодари на Драган Стојковиќ за четирите и пол години работа, нагласувајќи ги неговите успеси - пласманот на СП и ЕП, првото место во Б дивизијата на Лигата на нации и обезбедувањето опстанок во елитниот ранг на европскиот фудбал.

По поразот од Албанија во Лесковац и понудената оставка на селекторот Драган Стојковиќ, Фудбалскиот сојуз на Србија соопшти дека Стојковиќ нема да патува со тимот на квалификацискиот натпревар против Андора.
Репрезентацијата на Србија против Андора ќе ја предводи Зоран Мирковиќ, актуелен стратег на младата селекција. Тој во недела наутро се приклучи на тимот во Ниш, заедно со соработниците Страхиња Пандуровиќ, Лазар Томиќ, Александар Кировски, Дејан Одавиќ и Богдан Милиќевиќ.
ФСС потврди дека конечната одлука за новиот селектор ќе биде донесена во петок, 19 октомври, кога ќе заседава Извршниот одбор.
Во соопштението, ФСС се заблагодари на Драган Стојковиќ за четирите и пол години работа, нагласувајќи ги неговите успеси – пласманот на СП и ЕП, првото место во Б дивизијата на Лигата на нации и обезбедувањето опстанок во елитниот ранг на европскиот фудбал.


