СПРЕЧЕНА ТРАГЕДИЈА ВО САНКТ ПЕТЕРБУРГ – ФСБ уапси 21-годишник со бомба скриена во GPS уред
ФСБ тврди дека осомничениот бил регрутиран од украински разузнавачки служби и бил платен со криптовалута.

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека денеска во метрото во Санкт Петербург уапсила 21-годишен руски државјанин, за кого тврди дека бил поврзан со украинските разузнавачки служби и планирал напад врз вработен во одбранбената индустрија.
Според ФСБ, кај осомничениот била пронајдена импровизирана експлозивна направа, маскирана како GPS-тракер. Од службата наведуваат дека тој имал намера да ја постави направата под возило или во близина на лице вработено во одбранбениот сектор.
ФСБ тврди дека осомничениот стапил во контакт со украински разузнавачки структури и за своите активности добивал паричен надомест преку криптовалутен паричник.
Според наводите на руската служба, 21-годишникот претходно доставувал картографски и геодетски податоци до своите контакти, кои ги добивал на работното место. Тој, исто така, наводно следел и собирал информации за вработени во одбранбената индустрија во Санкт Петербург и Ленинградската област.
Истрагата за случајот е во тек.


