СОВЕТИ И ТРИКОВИ – Вградените кујнски апарати како паметни решенија за модерна кујна

Вградените апарати на “Samsung“ се дизајнирани да работат во хармонија со вашите потреби, претворајќи го управувањето со домот во интуитивно искуство преку дигитално поврзување. 

СОВЕТИ И ТРИКОВИ – Вградените кујнски апарати како паметни решенија за модерна кујна
Фото: APRA BCG

Бидејќи работи 24 часа на ден, фрижидерот е еден од ретките апарати врз чија потрошувачка можеме директно да влијаеме со правилно користење. Иако вградените апарати ѝ даваат на кујната беспрекорен и модерен изглед, нивната вистинска сила денес лежи во она што е невидливо за око – паметната технологија која го оптимизира секој киловат и секоја намирница.

Токму затоа, клучот на ефикасноста не е само во апаратот, туку и во начинот на кој го користите. Вградените апарати на “Samsung“ се дизајнирани да работат во хармонија со вашите потреби, претворајќи го управувањето со домот во интуитивно искуство преку дигитално поврзување. 

SmartThings: Вашата кујна на дланка

Поврзувањето на уредите овозможува функции кои директно влијаат на квалитетот на животот и потрошувачката:

  • Управување со енергијата во реално време: Преку апликацијата SmartThings можете да го активирате режимот AI Energy кој користи вештачка интелигенција за анализа на начинот на кој го користите фрижидерот (колку често ја отворате вратата и слично) и ја оптимизира работата на компресорот.
  • Прецизна контрола на условите: Повеќе не морате да ја погодувате температурата. Препорачаните поставки од 3-4 °C за фрижидерот и -18 °C за замрзнувачот можете да ги проверите и промените во секое време преку вашиот паметен телефон.
  • Паметни известувања: Ако вратата на вградениот апарат не се затвори правилно, SmartThings испраќа известување на вашиот телефон, спречувајќи губиток на ладењето и непотребна работа на моторот. 

Оптимизација на просторот и свежината

Вградените фрижидери бараат специфичен пристап кон нивното организирање за да работат максимално ефикасно:

  • Правилен проток на воздух: За ладењето да биде рамномерно, идеалната исполнетост на фрижидерот е 70-80 %. Кога фрижидерот е преполн, циркулацијата на воздухот се блокира, додека празниот уред потешко одржува стабилна температура.
  • Наменски зони: Со правилен распоред, млечните производи на средните полици, месото на долните, а овошјето и зеленчукот во фиоките, обезбедувате секоја намирница да остане свежа максимално долго.

Уште една причина за паметен и поврзан избор во кујната

Со врвен дизајн и паметни решенија за домот, “Samsung“ дава дополнителна причина за опремување на просторот по ваша мерка. Како дел од тековната пролетна понуда, корисниците можат да остварат значителни заштеди при купување домашни апарати, вклучувајќи вградени кујнски апарати, правосмукалки, машини за перење и сушење алишта, како и машини за миење садови. Решенијата се дизајнирани да го олеснат секојдневниот живот и да донесат поголема практичност во домот, без да се прави компромис во перформансите и дизајнот. Понудата важи до 30 април 2026, а за да дознаете повеќе за оваа поволност, кликнете тука.

За “Samsung Electronics Co., Ltd.“

“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.

“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/ 

CATEGORIES
Share This